Ѕвездите на “Брилијантин” Оливија Њутон – Џон и Џон Траволта изминатиот викенд прославија 40 годишнина од својот славен мјузикл.
Позирале пред фотографите, но и заиграле малку, на свечената проекција на филмот во Беверли Хилс, која ја организира Американсаката академија на филмските уметности.
“Тоа што му оддаваат почест на нашиот филм и прикажуваат колку истиот значи за филмската историја, е непроценливо нешто”, рекол Траволта. “Мислам дека ова е навистина драгоцен момент”, додал тој.
Oливија Њутон Џон (69) во филмот од 1978 година ја глумеше девојката Сенди, а Џон Траволта (64) го глумеше лошото момче Дени. Филмот е адаптација на бродвејски мјузикл, а од него излегоа доста познати музички хитови кои и денес се слушаат.
На прославата од роденденот на филмот се појавиле и други познати глумци, помеѓу кои и Диди Кон, која ја глумеше Френчи, како и Бери Перл, кој го глумеше Доди.