Помалку од 10.000 нашинци се попишале од Канада, САД и Австралија – Води Швајцарија со 45.000 попишани (Видео)

На денешната прес-конференција во Владата, на која во врска со пописот се обратија владините портпароли, како и претставничка од Државниот завод за статистика, беа соопштени бројките за тоа колку граѓани се попишале во различните држави и континенти.

Имено, според податоците со кои располага ДЗС, најголем број на државјани се попишале во Швајцарија, потоа следуваат Германија и Италија, а најслаб одзив на дијаспората има во САД, Канада и Австралија.

Распределбата на попишани државјани на Македонија во странство е следната:

– Швајцарија: над 45.000

– Германија: над 31.000

– Италија: 19.000

– САД: 5.110

– Австралија: 1.682

– Канада: 1.215




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.