Положено цвеќе пред споменикот на Ченто во Прилеп

_MG_0528

По повод 59-годишнината од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и првиот претседател на Македонија – Методија Андонов Ченто, пред споменикот на Ченто беше положено свежо цвеќе. Делегации од Општината, Советот на општината, претставници од урбаните и месните заедници, здружение на пензионери, граѓаните, претставници од политичките партии му оддадоа почит и на еден од најголемите поборници за независноста на Македонија.

_MG_0541

За време на извршување на својата функција Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван од народот и се залагал власта целосно да биде народна и да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегуваат и граѓаните во институциите.

_MG_0538

_MG_0525




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.