Следниот пат кога батеријата ќе в и биде при крај можеби ќе се обидете да го најдете штекот, а нема да се обидете да го полните преку УСБ на компјутер. Истражувањата на „Касперски“ покажуваат дека полнењето на смартфонот на компјутер ве прави лесна мета за хакери, пренесува „Раша Тудеј“.

Со обид да го одредат износот на податоци што смартфоните го споделуваат додека се поврзани со компјутерот за полнење, експертите во Касперски тестирале поголем број телефони што работат со различни верзии на Андориод и иОС оперативни системи.
Во тоа време, телефонот го споделува името на уредот, произведувачот, типот, серискиот број, податоци за производството, за оперативниот систем, листа на системски фајлови, како и идентификациски број на електронскиот чип.
Според Касперски оваа ситуација е „индиректен“ безбедносен проблем.