На 13.12.2022 во 14.10 часот во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност Битола го лишиле од слобода В.М.(22) од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.