Полицијата фати двајца дебрештани со бесправно исечени дрва

На 09.07.2023 од страна на полициски службеници од Македонски Брод на место викано „Барбарас“ биле приведени Е.И.(32) и еден малолетник, двајцата од с. Дебреште, прилепско.

При извршена контрола во патничко возило „голф“, во кое се превезувале, им биле пронајдени огревни дрва без соодветна документација и моторна пила.

По целосно документирање ќе следи соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.