Полицијата уапси тројца прилепчани во скопска Кисла Вода

policija-3

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против  лицата Д.М.(25), З.М.(33) и К.П.(28) сите од Прилеп поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела – “тешки кражби во обид“  предвидени и казниви по чл.236 вв член 19 од КЗ на РМ. Од страна на судија на претходна постапка  одредена  им  е мерка притвор  во траење од по осум дена.

Како што  соопшти МВР,  пријавените на 11-ти овој месец, во претпладневните часови на подрачје на Кисела Вода, поточно во стан на ул. „Марко Цепенков“ го извршиле првото кривично дело. Откако дошле до станот и се увериле дека во станот и во околината нема никого, со употреба на физичка сила и погоден алат, делувале на бравата од влезната врата со цел да ја отворат, но во истиот момент од непознати причини се откажале од намерата. Пријавените се упатиле кон соседниот стан,  каде исто така со употреба на погоден алат и физичка сила делувале на бравата од влезната врата, со цел да ја отворат, но откако слушнале тропање од соседниот стан се откажале од намерата и избегале кон погорните спратови од зградата.

Очевидец откако ги забележал сторителите како се обидуваат да извршат кривично дело веднаш пријавил во полиција, по што на местото на настанот за кратко време пристигнале полициски службеници од Алфа и униформирани полициски службеници од ПС Кисела Вода кои извршиле пребарување во зградата и ги пронашле тројцата пријавени по што биле приведени во ПС Кисела Вода.

При приведувањето од страна на полициските службеници од единициата АЛФА бил извршен преглед при што кај  третопријавениот К.П. пронајдена била една платнена машка чанта во која имало бланко патент клучеви, разни штрафцигери, цевчест подесувачки алат со ламели за отварање блиндор брави, алуминиумски фолии за патент клучеви и други алати потребни за отварање разни типови на брави, а кај првопријавениот Д.М. пронајден бил еден штрафцигер. Наведените предмети со потврди за привремено одземени предмети се одземени и доставени до СВР Скопје за  вештачење.

Инаку Д.М. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за извршени три кривични дела во Струмица, и по едно во Куманово и Скопје. Второпријавениот е евидентиран како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и тоа едно во Неготино едно во Охрид потоа 29 кривични пријави во Прилеп и две во Скопје, додека пак третопријавениот К.П. е евидентиран како сторител на девет кривични дела во Прилеп и две во Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.