Полицијата со детали за убиството во продавница во крушевско Светомитрани

policija-8-98373

Полицијата денеска информира за убиството кое ја потресе Македонија. Во текот на вчерашниот ден во 09 часот во Крушево, поточно во селото Светомитрани, во колонијална продавница вработена застрелала вој муштерија.

Според информациите, се работи за 34-годишната М.П. која по кратка расправија, со ловна пушка испукала два истрели во пределот на градите на соседот од истото село, 44-годишниот Н.Д. .

На селанецот му немало спас и починал на самото место.

Продавачката била приведена во полициска станица. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полицијата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.