Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.А.(33), П.А.(31), Д.А.(32) и З.Ј.(35), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 11.10.2018 година околу 01.00 часот пред угостителски објект во Прилеп, по претходна вербална расправија, пријавените физички го нападнале Ј.Н.(39) од Прилеп, при што му нанеле тешки телесни повреди.