На 12.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во Битола, Ресен и Прилеп, во содејство со инспектори од Државен инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Министерството за животна средина спроведоа акциска контрола во правни субјекти кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини. При контролата, во Битола беа контролирани три отпади, при што во два од нив беа констатирани неправилности.
Во Ресен извршена е контрола кај пет правни лица, при што во еден отпад е констатирано дека за дејноста која ја врши нема регистрирано правно лице, а нема ни дозвола за работа со отпад за што ќе биде поведена соодветна постапка.
Во Прилеп, полициските службеници и инспекторите извршија надзор во два правни субјекти, при што во еден од нив е констатирано дека нема фискален апарат, односно врши само продажба на големо на правни субјекти со фактурирање.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.