Полицијата во англискиот град Блекпул на својот Фејсбук профил објави фотографија од осомничен маж за кражба во еден ресторан, а корисниците на социјалните мрежи веднаш забележаа неверојатна сличност со јунакот од серијата “Пријатели”, Рос.
Полицијата фотографијата ја објави во вторникот, а на нејзе се гледа маж кој е осомничен за кражба која се случила на 20 септември во еден ресторан.
Сличноста со Рос од “Пријатели” е неспорна, па на социјалните мрежи врие од шеги на сметка на глумецот.
Познатиот глумец Дејвид Швимер на оригинален начин се пошегува и самиот со себе.
Officers, I swear it wasn't me.
As you can see, I was in New York.
To the hardworking Blackpool Police, good luck with the investigation.#itwasntme pic.twitter.com/EDFF9dZoYR— schwim (@DavidSchwimmer) October 24, 2018
На крајот и самата полиција се вклучи во “играта” со официјално соопштение на Фејсбук во кое се вели:
“Спроведовме детална истрага и утврдивме дека Дејвид Швимер тој ден бил во Америка”.