Вистинска полициска опсада се случувала денеска во Прилеп. Граѓаните сведочат за огромно присуство на полициски сили во градот, а причината е посетата на премиерот Зоран Заев за отварањето на пречистителната станица во Прилеп.
Проектот кој е вреден повеќе од 25 милиони евра беше започнат и речиси целосно реализиран од претходната Локална самоуправа и претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, главно со средства добиени од Европската Унија.
Прилеп доби огромен капитален проект кој ќе биде од огромна корист особено за земјоделците, кои ќе добијат чиста вода за наводнување и производство на еколошки чисти производи.
Прилепчани велат дека поради посетата на владината делегација предводена од Заев, полиција имало речиси на секој чекор, што е бизарно и непотребно со оглед на тоа што го тврди премиерот за поддршката која ја ужива кај граѓаните.
Ако толку големо мнозинство од граѓаните ја има довербата во владата и премиерот, зошто тогаш се потребни стотина полицајци распоредени на секој чекор од рутата по која се движи?
Владините автомобили според одредени информации ја промениле рутата и не поминале низ центарот на градот каде се одвиваше протестот на вработените во прилепскиот загубар Еурокомпозит.
Се исплашија ли да се соочат очи в очи со луѓето кои поминуваат низ агонија, со неисплатени плати и придонеси, а на кои им го ветија спротивното?
Прилепчани велат ова не е начин на кој треба еден премиер да доаѓа меѓу граѓаните…вакво бројно обезбедување немаат “лидерите” кои ги сака и почитува народот.