Тутунскиот Комбинат вчера одржа Генерално Собрание на акционери, на кое беа избрани новите извршни и неизвршни членови на Бордот на директори, а избран е и новиот Генерален директор.
На местото на досегашниот Зоран Пачешкоски, ќе седне Александар Алексоски.
Роден на 12.12.1990 година, Алексоски е најмладиот Генерален директор досега на некогашниот прилепски гигант.
Зад себе има 10-годишно работно искуство во компанијата “Гентeрм”, каде прво работел како супервизор во производство, а потоа и како одговорен за рекламации поврзани со секторот за кабли во компанијата.
Алексоски има завршено Економски факултет на отсекот Меѓународна економија и бизнис, а моментално е и актуелен советник во Советот на општина Прилеп, каде ќе мора да даде оставка.
Целосното негово ЦВ можете да го погледнете во продолжение:
Пред новиот директор стојат големи предизвици, особено сега пред почетокот на откупот на тутунот. Неофицијално зад неговото име застанала целата политичка елита од Прилеп.