Политика на приватност
www.markukule.mk тргнувајќи од уставното начело на неприкосновеност на сигурноста и тајноста на личните податоци, е целосно посветено на заштитата на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Политиката за приватност има за цел да ги појасни податоците кои ги собираме при користење на интернет страницата www.markukule.mk , како и мерките кои ги превземаме за нивната заштита да биде загарантирана.
Oсновни одредби
Личните податоци се прибавуваат доброволно, преку експлицитна согласност на посетителот на веб страната и истите се користат исклучиво за намената за која се собрани;
Личните податоци не се пренесуваат на други лица освен на овластени органи при водење на постапка предвидена со закон;
Личните податоци се уништуваат или бришат по истекот на рокот определен за нивно чување .
Интернет страници на трети лица
На нашата веб страна ќе дојдете во контакт со реклами на други правни лица каде со еден клик на истите преминувате на други веб страници. www. markukule.mk не ги познава политиките на приватност на тие веб страни и исклучува од себе било каква одговорност.
Koристење на ваши лични податоци
Ние ги користиме само оние ваши лични податоци кои вие лично ни ги доставувате при испраќање на мејлови или конкретно при учество на нашите наградни игри, како и кога сакате да контактирате со некој од надлежните на Здружението за промовирање на културните вредности во Пелагонија МАРКУКУЛЕ Прилеп. Заради спречување на неовластен пристап и нивна злоупотреба, нашето здружение на граѓани ги превзема сите потребни технички, организациски, административни и физички мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци.