Блескаво издание на фудбалерите на Победа во пелагониското дерби од 22-то коло на Втората лига. Пелистер беше демолиран и фудбалски понижен од избраниците на тренерот Дарко Крстески. За беспрекрното издание на победашите зборува не само убедливиот триумф од 4-1 туку и самата игра на теренот во Новаци. Од самиот почеток во влезот на натпреварот, по почетното испитување на силите на теренот, Победа јансо стави до знаење дека е дојдена да ја продолжи трумфалната серија. Четвртата последователна победа е остварена против традиционалниот пелагониски ривал кој ,,плати,,, затоа што избегна пораз есеноска во Прилеп, со гол во 96 минута , а се врати по негативата во 2-риот меч. Пелистер само на моменти беше рамноправен противник на расположените победаши. Предводени од капитенот Мегленски, новите второлигашки лидери изгинаа на теренот. За ниеден играч немаше загубена топка.
Капитенот одигра капитенски асистирајќи за првите 3 голови. Посебно ,,теледиригирани,,, беа неговите асистенции за Карчески при првиот гол и за Шаркоски за пеналот при вториот гол, а Мегленски центрираше и при постигнувањето на третиот гол. Почнувајќи од Манчевски на голот кој имаше неколку бравурозни интеревенции, а прими-неодбранлив гол(за кој пате ,,жив се изеде,,), до одбраната(Димитриоски, Крстески, Колевски и Котевски) која функционираше како швајцарски часовник, средниот ред со Мегленски, Наумоски, Карчески, Дунимаглоски како и Шаркоски, за кои немаше загубена топка на целиот терен па се до маестралниот во нападот Гешоски, кој беше нерешлива енигма за домашната одбрана. Свој придонес во победата имаа и играчите кои влегоа од клупата Петрески и Здравески, а почетна 1-2 минути меѓу стативите за тактичката замена на Макрески со Манчевски. Пелистер имаше една шанса и тоа на 0-0 во 21-та минута преку Мирчески кој сам од 5 метри не псотигна гол. Водството на Победа го донесе Гешоски во 37-та минута , кој беше неумолив по центаршутот на Карчески, кој одлично ја искористи беспрекорната систенција од Меглеснки по левата страна. Во 42-та мунута 0-2 преку Гешоски од пенал, по пркршокот над Шаркоски во казнениот простор искористувајќи ја асистенцијата на Мегленски. По вториот гол следеше повеќеминутен прекин на средбата откако во теренот влегоа 20-тина ,,чкембари,,, Откако средбата продолжи Гешоски не искористи зицер ситуација-откако го издрибла и Пашовски од гол линијата спаси Тодоровски.
По само 10 минути игра во вториот дел веќе беше 0-3 со голот на Дунимаглоски кој во мешаницата пред голот на Пашовски, рутинирано го искористи центаршутот на Мегленски, пласирајќи ја топката во мрежата. Точка на победата на Победа стави Карчески во 75-тата минута, завршувајќи ја контарата на гостите преку Петрески. До крајот почесен погодок и тоа евро-гол за Тодоровски во 86-тата минута, кој од 25 метри биеше во самиот агол на немоќниот Манчевски. По завршувањето на натпреварот следеше заедничка прослава на играчите со над 200 навивачи кои во сопствена режија допатуваа во Новаци, навиваа беспрекорно (без ниту еден и најмал инцидент за што добија и признание од објективните домашни симпатизери на фудбалот), и со полно право се радуваа на триумфот на своите миленици. Пелистер е веќе архивиран, ставен настрана со што е продолжена победоносната серија, која Победа ја донесе на лидерското место на табелата. Четвртиот труимф е зад фудбалерите кои ќе имаат само 48 часа до следтата-исклучително тешка и значајна средба. Следното 23-то коло – како вонредно се игра веќе во вторник, а Победа во последниот 7-ми натпревар од казната надвор од Прилеп, го игра во Турново. Противник ни е последниот од листата на должници. На сите им наплативме…на никој не останавме должни…следен е Гостивар…Но одиме натпревар по натпревар…Сигурно ништо не е готово. До крајот има уште 5 кола и во игра се 15 бодови, така да место за опуштање апсолутно нема….Останува само СРЦЕ НА ТЕРЕН МОМЦИ!!! Честита победа и прво место….Со тешка мака стигнавте до него, само вие знаете како и сигурно нема да дозволите да ја смените лидерската позиција на табелата. Во оваа прилика ФК Победа се заблагодарува на одличниот прием на ФК Пелистер, и коректната арбитража на судиската 4-ка на чело со Петар Мантев од Неготино.