Покана по повод одбележување на денот на независноста “8-ми Септември” во Прилеп

6366-pokana-960x600-1

По повод одбележувањето на денот на независноста “8-ми Септември”, или 25 години откако живееме во суверена, независна и самостојна држава, Општина Прилеп организира пригодна програма.

Одбележувањето на празникот ќе започне утре со пуштање во употреба на новоасфалтираните улици “Васко Јанкулоски- Стариот” (близу Центарот за вработување) во 18:00 часот и улица “Димчe Антулески” (во населба “Варош”) во 19:00 часот.

Во 20:00 часот во Амфитеатарот во населба “Варош” ќе се одржи и концерт на хорски ансамбли и групи.

6366-pokana-960x600-2

На самиот празник, во четврток, делегации ќе положат цвеќе пред спомениците на Meтодија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу, Пере Тошев, Ѓорче Петров, споменикот Карпалак и  на Могилата на непобедените, со почеток од 09:30 часот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.