Со Министерството за земјоделие ќе раководи Беса, коалициониот партнер на СДСМ, пренесува ТВ21.
Ова е договор кој веќе е постигнат меѓу СДСМ и Беса кои на последните предвремени парламентарни избори настапија како коалиција.
Денеска СДСМ и ДУИ ја официјализираа соработката за идна Влада.
Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива ја нарече оваа влада измамничка и нелегитимна, а најавија и можен бојкот на Собранието со нивните 12 пратеници.
Од ВМРО-ДПМНЕ новата коалиција ја нарекоа крими коалиција која ќе биде со времен рок на траење, и за еднократна употреба.