Македонскиот олимписки комитите и официјално го потврди пливачот Филип Деркоски како наш последен, осми, патник за Летните олимписки игри во Токио.
„ФИНА официјално го извести МОК и го потврди ФИЛИП ДЕРКОВСКИ за учесник на Олимписките игри ТОКИО 2020! Филип, од се срце ти честитаме и ти посакуваме успешен настап на Олимписките игри во ТОКИО“ – информираа од МОК.
Со тоа и дефинитивно се потврдени сите осум македонски спортисти кои ќе учествуваат на Летните Олимписки игри во Токио:
1. Дејан Георгиевски – Таеквондо “А“ Олимписка норма
2. Магомедгаджи Нуров – Борење слободен стил “А“ Олимписка норма
3. Јован Стојоски – Атлетика, 400 метри – Универзално место (вајлд карта)
4. Пулексенија Јованоска – Карате, Кати – Универзално место (вајлд карта)
5. Борјан Бранковски – Спортско стрелаштво – воздушен пиштол 10 м – Универзално место (вајлд карта)
6. Филип Деркоски – Пливање – 732 ФИНА поени
7. Миа Блажевска – Еминова – Пливање – 741 ФИНА поени
8. Арбреша Реџепи – Џудо