ПОЗНАТИОТ ПЕЈАЧ ПРЕТЕПАЛ ЖЕНА?! Погледнете ја изјавата која ја давал во полицијата

Халид Муслимовиќ се најде под истрага на полицијата поради соменавање дека претепал 45-годишна жена, откако наводно и се заканил. Истрагата, како што пренесува “Аваз”, е покрената откако С.Б. пријавила во полициската станица во Бања Лука.

Таа пријавила дека се скарала со пејачот на 27 јули меѓу два и три часот на утро, по што тој и задал повеќе удари во пределот на лицето и телото. Во пријавата навела дека тој ја исфрлил и од автомобилот.

Популарниот пејач демантира:

“Точно е дека од Козарац тргнавме кон Бања Лука. Беше пијана, а поради тоа што сме соработувале претходно, не сакав да оди со такси или да ја вози некој кој не ја познава добро, па јас се понудив да ја пренесам. Таа инсистираше да останам со неа. Но бидејќи не го прифатив тоа, таа се разлути. Беше целосно пијана. Постојано бараше да застанам со автомобилот, излегуваше надвор. Неколку пати удри во вратата на автомобилот. Ја измисли целата приказна, бидејќи не сакав “да играм” како што таа побара. Не е точно дека сум ја претепал. Како господин ја одвезов до станот, излегов во пресрет и на крај добив непријател. Бев во полиција и дадов изјава”, изјавил Халид, пренесува српски Курир.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.