Познатата Фиат “Пегла” e eден од најбараните автомобили на Куба – ВИДЕО

Screenshot_14-6-640x395

Околу 10.000 симпатични “пегли” и денес се возат во кубанските улици.

Астрономските цени на новите автомобили и растечките цени на нафтата, моментално највисоки во западната хемисфера, ги приморуваат граѓаните на овој остров да купуваат евтини и штедливи автомобили.

По тие критериуми, нема подобар автомобил од малиот Фиат кој се произведувал во Полска од 1973-2000 година. Малата “пегла” има сила на моторот на ранг нешто поголем од моторна косачка, и троши 5.01 литар на 100км, што е значително помалку во однос на американските олдтајмери по што е позната Куба.

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.