Обземени од брзината на модерното време во кое живееме, забораваме колку малите нешта можат да значат и да ни го направат денот.
Саботното кафе на прилепчани денеска им го разубави еден стар човек, кој сигурно имаше повеќе од 80 години.
Старчето продаваше мали плетени кошеви, кои на младите во кафулињата им се видоа како уникатни украси, па за минута ги купија сите.
Интересно беше тоа што многумина му понудија на старецот пари без да земат од неговите изработки, но тој одбиваше.
Малите нешта изработени со многу љубов и труд можат да направат чуда во нас, токму ова е едно од нив.