Пожар во атарот на село Радобил прилепско: Секој ден по 20 пожари, најголемиот дел подметнати

На 11 март во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во атар на село Радобил, при што била зафатена дабова шума – информираат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Инаку во Прилеп, според пожарникарите секој ден имало по 20-тина пожари од кој најголем дел подметнати. Велат дека повеќе неможат ниту физички да издржат со вакво темпо на работа затоа што немаат ниту доволен брoj на луѓе, ниту пак располагаат со соодветна опрема за гаснење на шумски пожари – пренесе “Инфокомпас”.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.