“Нема застанување и нема предавањe кога татковината е во прашање”, порачаа прилепчани, кои и вечерва од 18 часот пред хотел “Липа” ќе го започнат маршот за зачувување на унитарноста на државата и ќе кажат “НЕ” за барањата во “aлбанската платформа”.
Десет дена низ улиците на градот херој секоја вечер протекуваше народ, илјадници прилепчани кои си ја сакаат државата и кои со херојски чекори маршираа во името на татковината.
Пораката до трговците со македонскиот јазик, македонската химна, знаме, грб … е истата, “Нема да ви помине”.
Во изминатите денови поддршка на овие мирни протести во Прилеп дадоа и свештените лица од Македонската православна црква – Охридска Арихиепископија, видни уметници, лингвисти, спортисти, актери, а присутни во голем број беа и најмладите, студентите и средношколците.
И вечерва се очекува нов масовен собир, каде повторно народот ќе си го каже своето.