Наместо претседателот на државата и на владата заедно да оддадат почин на најголемиот македонски револуционер, особено во овој период и проблеми со кои се соочува земјата, во име на Владата денеска цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 149 години од неговото раѓање, положи заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски.
-Владата на Република Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев, за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност, велат од владината прес-служба.
Не знаеме што е причината, дали можеби презафатеност, или страв од Бугарија, бидејќи токму Гоце Делчев е главна причина за договор помеѓу македонско-бугарската комисија за историја.