Поддршка за порталот “Инфокомпас”, нaпaдoт од градоначалникот можеби е одpaз на нepвоза?”

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска преку реакција на веб страната од општината побара извинување и повлекување на изјавата од претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески.

Во реакцијата Јованоски предизборно ги етикетира порталите www.markukule.mk и www.infokompas.com.mk, кои ја пренесоа изјавата на Ристески, а истата беше дадена во гостување во емисијата “Oдговори и одговорност” на “Радио Пела”.

„На ден 23.06.2020 година, на повеќе медиуми и интернет портали меѓу кои markukule.mk и Infokompas.com.mk, како и преку социјалните мрежи, беше пренесена изјавата на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, во која ме обвинува дека, наводно, незаконски сум потпишал решение за одобрување на измени на основен проект во тек на изградба, на зградата наспроти поранешната фабрика „Солидност“, стои во реакцијата на Јованоски која иако не е испратена до нашата редакција ја пренесуваме.

Изјавата на Ристески пак можете да ја проследите на линкот во продолжение:

Ристески: “Градоначалникот замешан во градежно-кpиминална фамилијарна експанзиja? (Документи)

На ваквата изјава од Јованоски реагираа и од порталот “Инфокомпас”: oд каде ваквото однесување го оценуваат како непрофесионално.

Што сака да постигне градоначалникот со ваквата изјава никој не знае….

Дали нервозата си го прави своето, па гневот го истура врз медиумуте кои само пренесоа што кажал неговиот политички противник?

Го советуваме градоначалникот да се консултира со својот ПР тим и дека ваквите етикетирања на медиуми воопшто не му носат никакви поени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.