Подгответе 150 евра плус ако планирате да летувате во Грција

Грчката влада ќе воведе нови мерки за зголемување на данокот на додадена вредност – ДДВ на храната и комуналиите со цел да заштеди 1,8 милијарди евра, што е еден од предусловите кои ги поставија меѓународните кредитори за дополнителната финансиска помош.

 

grcija-letuvanje

Локалните медиуми наведуваат дека ДДВ – ­то на храна и пијалаци, вклучувајќи ги и рестораните и баровите, ќе биде зголемено од 23 на 24 проценти. За истиот износ ќе биде зголемен и износот на ДДВ- ­то на картите за патување на локалните и меѓународни линии. Цените на бензинот и дизелот ќе бидат зголемени за пет, односно за осум проценти.

ДДВ- ­то ќе биде зголемено и за цигарите, фиксната телефонија и телевизиската претплата. Цената на ноќевање во хотелите во Грција од 2018 година ќе биде зголемена за две до четири евра. Според наводите на медиумите, нацрт ­законот за новите мерки наскоро ќе биде претставен во парламентот и се очекува дека гласањето ќе биде најдоцна до викендот.

За македонските туристи, тоа ќе значи поскапување на туристичките аранжмани. Пресметките велат дека за едно семејство од 4 члена,  10 дневното летување во Грција ќе стане поскапо за околу 150 евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.