Денес во попладневните часови времето ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Позначителна промена на времето се очекува во недела попладне и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме. Во понеделник и вторник дневната температура ќе опадне за шест до осум степени.