Еве една идеја како да подготвите нешто невообичаено, а вкусно. За оваа лазања со печурки ќе ви бидат потребни неколку вида печурки.
Состојки:
500 грама тесто за лазањи
350 грама шампињони
200 грама буковка
150 грама шитаке печурки
100 грама вргањ
1 врзоп листови од магданос
1 црвен кромид
4 главици кромид
250 грама гауда сирење – полномасно
200 грама кисело млеко (20% малсеност)
3 лажици бело пченично брашно
1 литар кравјо млеко, полномасно
2 лажици путер
Мускантно оревче
Маслиново масло
Сол
Мелен бибер
Подготовка:
- Кратко пропржете го брашното на путер, па полека додавајте го млекото со постојано мешање со миксер. Зачинете со сол, бибер и мускантно оревче и варете 15 минути на среден оган. Кога сосот делумно ќе се олади вмешајте го и киселото млеко.
- Исечкајте ги ситно црвениот кромид, кромидот и магдоносот. Ако имате сув вргањ прелејте го со врела вода, а пред употребата процедете ги од вишокот вода. Изрендајте го сирењето.
- На маслиново масло пропржете го кромидот, додадете ги печурките и динстајте 10-тина минути. Изгасете го огнот и измешајте го кромидот и магдоносот.
- Дното на садот каде што ќе ги печете лазањите премачкајте го со путер и прекријте го со слој бешамел сос. Ставајте еден ред тесто, бешамел, динстани печурки и нарендано сирење, се додека не ги искористите сите состојки. Последниот слој завршете го со бешамел и изрендано сирење.
- Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови.
- Кога ќе бидат готови, оставете ги лазањите 15-тина минути да се оладат па послужете ги си крцкава салата.