Воздухот во Прилеп вечерва е енормно загаден. Ова го покажува станицата сместена на општинската зграда во центарот на Прилеп, а квалитетот на воздухот може да се следи преку апликацијата “Мој воздух”
Засега општинските власти во Прилеп немаат никакви конкретни мерки за решавање на проблемот, иако вакви и полоши резултати станицата покажуваше и минатата година.
Moментално станицата покажува 319 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, што е 5 пати повеќе од дозволеното ниво на загаденост.
Сличен резултат станицата покажуваше и изминатите денови.