Девојчето Дејзи Меј Деметре од Бирмингем има двојна ампутација на нозете, но не дозволила тоа да ја спречи во остварувањето на соништата.
Има седум години, а откако го покори светот во детското манекенство, таа потпиша договор за марката Zeebedee Managеment, агенција која застапува различни модели, пренесува Метро.
Таа е родена со вродена мана поради која недостига дел или цела фибулна коска во ногата. Во нејзиниот случај имала мала коска во едната нога, а во другата нога сосема ѝ недостигала. Со оглед на тоа дека ѝ биле погодени рамнотежата и подвижноста, родителите на девојчето одлучиле да ѝ ја овозможат најдобрата опција, да направат ампутација под колената на двете нозе.
После операцијата добила протетички нозе, па набрзо не само што можела да се движи туку и трчала, скокала и правела сè што прават и нејзините врсници.
За да му покажат на светот колку неверојатна и чудесна е нивната Дејзи Меј, родителите ѝ направиле Инстаграм профил посветен само за неа. Откако добиле големо внимание и следбеници, родителите се обратиле кај агенцијата Zeebedee Management и набрзо малото девојче добило договор со агенцијата. Дејзи Меј се појави на ревијата за детската модна недела во Лондон.