Погледнете го чудото од стадион кое Дејвид Бекам го гради за својот клуб (ВИДЕО)

Дејвид Бекам по завршувањето на фудбалската кариера сериозно влезе во светот на бизнисот. Тој основаше фудбалски клуб во САД. Неговото име е Интер Мајами и од следната сезона ќе играат во МЛС лигата.

За таа цела Бекам со уште неколкумина инвеститори градат стадион кој ќе чини 930 милиони долари и кој е вистински вселенски брод. Ќе се вика „Мајами фридом парк“ и ќе ги има сите услови за уживање. Ќе прима 25.000 гледачи со сите пропратни елементи па дури и шопинг мол внатре во објектот.

Додека тој се прави ѕирнете како ќе изгледа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.