Славниот италијански клуб Парма оваа година успеа да се врати во Серија А, нешто што предизвика радост кај многу фанови на Калчото и ги разбуди деновите на славните денови на овој клуб.
Сепак, овој тим на Парма е далеку од тој што беше на крајот на минатиот и почетокот на овој век. Парма оваа година ја очекува тешка битка за опстанок во серија.
А помош во таа битка славниот клуб ќе има во поранешната ѕвезда на Рома и Арсенал, Жервињо.
По кинеската авантура, поранешниот напаѓач на Рома и Арсенал се враќа во Италија, каде треба да ги мине лекарските прегледи во Парма.
Тој за Рома на 88 натпревари постигна 26 голови.