ООУ “Гоце Делчев” – Прилеп континуирано се залага за подобрување на квалитетот на образованието на учениците. Вложувањата систематски се насочуваат во повеќе подрачја како што се: подобрување и осовременување на инфраструктурата, стручно усовршување на вработениот кадар и унапредување на воспитно образовниот процес.
Директорот Трајче Каралиоски денес говореше за реализираните проекти во ООУ “Гоце Делчев” во период од 2005 до 2017 година како и за проектите кои се планирани за наредниот период.