Тутунски Комбинат АД Прилеп објави нови огласи за вработување.
Според она што е објавено на Агенцијата за вработување, се бараат:
Еден работник за работно место Инженер за организација на производството;
Еден работник за работно место Одржувач на електронски уреди и опрема;
Четворица работници за работно место Ракувач со машина за производство на производи од тутун.
Платата за Инженер за организација на производството изнесува 18.200 денари, за Одржувач на електронски уреди и опрема 14,950 денари, а за Ракувач со машина за производство на производи од тутун, платата изнесува 14,755.
Огласот е активен до 29.07.2018 година.