Соопштение од фудбалскиот клуб Победа:
“На ден 17.12.2019 година Управниот Одбор на ФК „Победа“ – АД Прилеп одржа состанок со една точка на дневниот ред
1. Разгледување на резултатите на ФК „Победа“- АД Прилеп во есенскиот дел од натпреварувачката 2019/2020 година.
По разгледувањето на се она што беше постигнато во есенскиот дел од натпреварувачката 2019/2020 година, очигледно беше незадоволството од постигнатите резултати и едногласно беше одлучено од сите членови на УО на ФК „Победа“ – АД Прилеп тренерот Мегленски Тони да биде разрешен од функцијата.
За назначување односно пополнување на функцијата нов Шеф на Стручниот штаб по активностите и изнаѓањето на решение, јавноста ќе биде благовремено известена повторно преку официјално известување од страна на УО на ФК „Победа“-АД Прилеп”, информираат од ФК Победа.