Победа деновиве е главна тема низ прилепската чаршија, но за жал по лошите резултати.
Победашите попладнево нанижаа уште еден пораз, четврт по ред, или осми во последните девет прволигашки натпревари.
Црвено-белите беа поразени со 1:0 на гостувањето во Кратово кај Силекс. Погодокот на Алексоски во 65-та минута беше доволен за кратовчани да забележат триумф и да се оддалечат од опасниот дел на табелата.
Со овој нов неуспех Победа се наоѓа на самото дно од табелата, со еден бод заостаток зад Беласица која денеска ремизираше со Вардар, а Македонија Ѓорче Петров сега се наоѓа на 5 бода плус на 8-то место.
Што се случува со клубот кој многу ветуваше на почетокот од сезоната?
Дали прилепчани одново ќе бидат разочарани?