На денешниот натпревар од Втората лига-Исток, Победа доживеа голем срам доживеа, која на домашен терен загуби со 2-5 од Плачковица.
Четирикратен стрелец на овој натпревар беше Кудијан, а уште еден гол даде Апостоловски, додека за Победа реализираа Колевски и Гешовски.
Натпреварот кој попладнево се играше во Прилеп на стадионот на Могила, требаше да биде поправен за поразите во минатите две кола, но победашите доживеаа уште еден срамен и голем пораз.
Сега Победа е наоѓа на осмата позиција на табелата, а Плачковица со овој триумф избега од опасната зона.
Во наредното коло Победа гостува кај Осогово.
А погледнете што ветуваше за спортот актуелниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски: