Дури 8 гола прими Победа на пријателскиот натпревар, кој во вторникот го одигра на гостувањето во Србија против второлигашот Лозница.
Иако Победа настапила со мешан состав и со неколку фудбалери кои во зимскиот период се на проба, недозволиво е да се примат дури 8 гола од тим кој се натпреварува во втората српска фудбалска лига.
Според извештаите на српските медиуми, фудбалерите на Победа во текот на целиот натпревар успеаја да упатат само еден удар во рамката од голот.
Во продолжение и видео преглед од натпреварот: