Фудбалерите на Победа вчера попладнето на Градскиот стадион “Гоце Делчев” одиграа без победник 1-1 со тимот на Саса од Македонска Каменица.
Дербито на колото предизвика голем интерес кај прилепските љубители на фудбалот, кои дојдоа во бројка од над 4.000 и сите со очекувања дека на крајот ќе се радуваат на нова победа и 3 бода на црвено-белите.
Но, за жал на крајот бодовите беа поделени, во меч во кој домашните играчи не ја оправдаа фаворитската улога и остануваат покуси за 2 бода во борбата за првата позиција.
Стрелец на голот за Победа беше Филип Стомнароски во 57-та минута, додeка конечните 1-1 ги постави Филип Димоски во 84-тата минута.
Пред почетокот на натпреварот актерите и гледачите со едноминутно молчење оддадоа почит на настраданите во пожарот во модуларната болница во Тетово.
Победа:Столевски, Дигаловски, Стомнароски, Петкоски, Кисески-Илијоски (од 46 мин Бошески), Карчески, Ангелески, Момироски (од 83 мин Јосифоски), Неделков (од 58 мин Дунимаглоски), Најдов (од 76 мин Митрески) и Б.Спиркоски.
Втора МФЛ 3 коло: Победа-Саса 1-1, Осогово-Братство 2-0, Локомотива-Слога 1-2, Детонит-Кожуф 0-0 и Беласица-Кит-Го 3-1.
Табела: Слога 9 бодови, Беласица, Саса и Победа по 7, Кожуф 4, Кит-Го и Осогово по 3, Братство и Детонит по 1 бод, Локомотива 0 бодови.
Двојки за 4 коло (сабота18 септември – 15 часот): Слога-Победа, Братство-Кит-Го, Кожуф-Беласица, Саса-Детонит и Осогово-Локомотива.