Победа и Металург одиграа без победник 1-1(1-1)

12669774_10208574178575909_843230345_o

Во рамките на подготвителниот период, денес во Охрид на теренот со вештачка трева, во пријателски натпревар, прилепскиот второлигаш Победа одигра без победник 1-1, во дуелот со прволигашот Металург. Скопјани поведоа во 7-та минута преку Благоја Наумовски, кој вешто искористи неуспешна офсајд стапица, а Победа израмни со голот на Дунимаглоски во 26-тата минута, кој со силен удар ја затресе мрежата завршувајќи ја акцијата по шутот на Талески и повратната топка на Иваноски.

12633104_10208574180735963_876781911_o

12647921_10208574185816090_2048459799_n

Тоа беше меч со малку шанси, а многу трка и игра меѓу двата 16-тника на некомплетниот прилепски и младиот скопски состав. Двајцата тренери Крстески и Мацков им дадоа шанса на сите играчи кои им беа на располагање за овај натпревар, со напомена дека во тимот на Победа ги немаше: В. Петрески, Шаркоски, Димитриоски (повредени), и оправдано отсутните Колески и Гешоски.

12656239_10208574179215925_2116026136_o

Победа утре од 13 на стадионот со вештачка трева го игра 4-тиот пријателски натпревар со третолигашот Вардар Неготино, денес е договорен 5-ттиот тест меч со српскиот прволигаш Радник Сурдлулица во недела на 7-ми февруари во Охрид, на 10-тти е закажан меч со третолигашот Новаци, на 14-тти е учеството на меморијалниот турнир ,,Вуко Каров,, и генералката на 20-тти февруари со Велазерими во Прилеп.

12636926_10208574182216000_184269120_o




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.