Во второто коло од Супер лигата на Македонија во пинг-понг, екипата на “Младост 96” ја извојува својата прва победа. Победена е екипата на “Радовиш” со резултат 5-4. Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, во кој играчите на “Младост 96” покажаа повеќе смиреност и умешност. По две победи извојуваа Александар Рикалоски и Антонио Стомнароски, додека една победа имаше Александар Штаргоски. Оваа победа е одличен мотив за младите пингпонгари за понатамошни добри игри и поволни резултати и во наредните кола. Во третото коло ППК “Младост 96” ќе гостува во Скопје на екипата на “Телеком Нец”.