Победа закована на дното од табелата: Прилепчани се враќаат со “петарда” од Тетово

Уште еден катастрофален пораз за прилепска Победа во Првата македонска лига.

Во рамките на 25-то коло, прилепчани загубија на гостувањето во Тетово кај ФК Шкендија. На натпеварот беа постигнати 7 голови, но за жал 5 беа во мрежата на Тофилоски.

“Европска” Победа е закована на дното од табелата со 18 бода, а во следното коло игра со Вардар.

Фановите се разочарани и чекаат одговор од управата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.