Каде и да одат, за кого и да навиваат, за прилепчани постои само една најголема љубов. И на “Алианц Арената” вечерва во Минхен, тројцата прилепчани Борче Коруноски, Мартин Костоски и Кристијан Николоски, навиваат под паролата “Победа е вечна”.
Преку фотографиите кои ни ги испратија, ни ја доловуваат пеколната атмосфера од фудбалскиот храм во Минхен, каде вечерва домаќинот Баерн Минхен го пречекува руски Ростов.
Секоја чест за нашите тројца “мускетари”, што и далеку од дома не забораваат на навивачкиот идентитет кој го носат во себе.