Македонија Ѓорче Петров ги продолжува натпреварите во осминафиналето од Купот на Македонија откако по изведување на пенали попладнево беше подобра од Победа со конечни 5-4.
Во регуларниот дел од натпреварот домашниот прволигаш имаше повеќе од играта и неколку изгледни прилики, но младиот прилепски состав, кој одигра доста добар натпревар, успеа да ја сочува својата мрежа.
Најзаслужен за тоа секако е младиот голман Антонио Столевски кој имаше неколку интервенции-посебно бравурозна беше одбраната на ударот на најдобриот домашен фудбалер Божиновски во 82-та минута.
Прилепчани последните 10-тина минути успеаа да ја сочуваат својата мрежа иако играа со 10 играчи, откако претходно беа извршени сите 5 замени, а се повреди нововлезниот Дарио Наумоски.
Во пенал рулетот од 10-тте изведени пенали 4 за Победа реализираа: Дарко Ангелески, капитенот Благојче Дамески, Андреј Карапеев и Филип Спиркоски, додека последниот 5-ти – атрактивниот обид со „паненка“ на голманот Антониот Столевски го прочита неговиот колега на домашниот гол Тасев.