Победа ги претстави првите две засилувања за новата сезона во Првата лига
По повеќедневните тренинзи со екипата и настапите на контролните средби со Брегалница и Работнички Стручниот штаб даде зелено светло за ангажман на Христијан Коцев. Станува збор за 22-годишен фудбалер кој настапува по левата страна и може да одговори како на дефанзивните така и на офанзивните задачи.
Коцев во Победа доаѓа од прволигашот Македонија Ѓорче Петров, претходно настапувал за Осогово и Кораби, а на преминот од младински во сениорски фудбал за Кадино. Минал низ школите на Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Металург.
Искусниот дефанзивец пак Методија Тоше Делов, е 29-годишен централен дефанзивец кој се очекува да биде еден од столбовите на одбраната на прилепските црвено-бели во повратничката прволигашка сезона.
Делов во Победа доаѓа од прволигашот Тиквеш, а во кариерата настапувал Кожуф и Вардар Неготино, како и една сезона како интернационалец во Бугарија.
Тој од првиот ден е во тренажниот процес со своите нови соиграчи под надзор на тренерот Бабунски и настапи на двата контролни натпревари со Брегалница и Работнички.
Во следните денови Победа ќе ги објави и останатите свои засилувања во сите линии на тимот.