Побарале гостите да им донесат грепки наместо цвеќе, изгребале автомобил и денеска клучевите се во нивни раце (ФОТО)

Даниел и Ивана Сизовски, на својата свадбена покана напишале дека претпочитаат грепки наместо цвеќе.  На свадбата, на 26-ти ноември добиле 78 инстант лозови од различни гости.

 

nagrada-grepki-gif1_-640x449

Три дена по свадбената прослава ги изгребале и од сите добитни имале точно 1.200 денари кои решиле да ги заменат на среќното место на Државна лотарија на Македонија во Капитол мол, за нови 24 инстант лозови од играта Среќни тркала. Даниел и Ивана едновремено гребеле, секој по 12 инстанти и токму еден од 12те кои ги изгребал Даниел носел четири среќни тркала што им го донеле атрактивниот бел Фолксваген Пасат.

Оваа убава приказна е уште еден доказ дека среќата сама си го наоѓа патот, само треба да и ја отвориме вратата и да и дадеме шанса да не израдува нас, или да израдува некој кого го сакаме.

На ден пред Нова година, Даниел и Ивана  го добија свадбениот подарок автомобил пред нивното среќно место во трговскиот центар Капитол мол. Клучевите им ги врачи Снежната Кралица ,Марјана Станојковска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.