Плодна година за Џудо клубот “Сеишин” од Прилеп: 2022 ја завршија на првата позиција во генерален пласман во Македонија (Фото)

На 28.12.2022 година СРЕДА 19.30 часот Џудо Клубот Сеишин-Прилеп го одржа предновогодишниот коктел при што се одржа пригодна свеченост и доделување награди за најдобрите натпреварувачи за натпреварувачката 2022 година на ниво на клубот, потоа доделување признанија за заслуги и помагачи на клубот како елаборирање на постигнитатите резултати и останати активнисти во 2022 година.

Краток осврт на постигнати резултати,организација и учество на настани во 2022 г.

Во натпреварувачката 2022 година Џудо Клубот СЕИШИН- Прилеп зеде учество на следните натпревари во џудо:

08 Државни Првенства со освоени 89 медали (22 златни, 40 сребрени и 27 бронзени); 11 Меѓународни Турнири со освоени 98 медали (26 златни,32 сребрени и 40 бронзени медали); 4 Балкански Првенства (10 членови на клубот како РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ) со освоени 7 медали (3 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали) како и две 7 ми места; 1 европски куп за кадети во Ѓиор Унгарија со 2 натпреварувачки и освоено 7 место;

Во натпреварувачката 2022 година дел од членовите на Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп зедоа учество и на престижни првенства во боречки вештини сродни на џудото и тоа:

1. Балканско Првенство во САМБО во Софија Бугарија, при што како членови на машката и женската Самбо Репрезентација за кадети освоени се вкупно 2 Балкански медали (2 бронзени медали).

2. Европско Првенство во Кураш во Кожани Грција, каде дел од Кадетите и Јуниорите на клубот како членови на Македонската Кураш репрезентација каде се освоени 8 медали (4 златни, 1 сребрен и 3 бронзени медали).

Имено на овие Првенства освоени се вкупно 204 медали и 3 Пехари. Пехарите се освоени на следните Првенства:

Меѓународен Турнир „Мацура Куп“ Солун Грција 2022 за најдобра странска екипа. Меѓународен Турнир „Скопје Опен -2022“ за најдобар клуб.

Државно Екипно Првенство за Сениори-ки за освоено 2 место Екипно. Најзначаен успех за 2022 година е освоеното 1 место во генерален пласман на ниво на Македонија.

Клубот оваа година организира 2 Државни Првенства (Екипно Сениори и Ветерани) и 1 Меѓународен Турнир (традиционално 12-ти по ред, со најголем број на натпреварувачи 385 и најголем број клубови учесници досега 43), а особено е важно што присуствуваа 2 странски еминентни џудо стручњаци Бојан Миличевиќ -Црна Гора (Директор на маркетинг комисијата на Балканска Џудо Федерација) и Зоран Миловиќ -Црна Гора ( џудо мајстор 8-ми дан и автор на литература за џудо спорот).

Исто така клубот Сеишин годинава организираше 2 стручни национални семинари за џудо тренери и џудо судии како и 1 Меѓународен стручен семинар за тренери и судии кој беше предводен од Германскииот џудо експерт Јурген Клингер 7 ми дан. Потоа нашиот клуб беше домаќин на џудо експерт од Франција Жилиен Бруланд кој одржа тридневни стручни тренинзи во клубот а истовремено го запозна нашиот град нашите традиции и знаменитости и доби статус почесен член на клубот.

Потоа нашиот клуб технички организираше 1 Манифестација – Светски ден на Џудото каде заедно со здруженијата за лица со попреченост потреба „Порака“ и „Зуница“ од Прилеп го одбележаа овој ден под мотото „ИНКЛУЗИЈА“.

Клубот со свои претставници зеде учество уште на 2 Меѓународни џудо кампови и тоа во Босна и Херцеговина и Србија.

Потоа стручните лица на клубот зедоа учество на 5 стручни семинари за џудо тренери и џудо судии: Меѓународен семинар со џудо експерти под мотото „Подобри го својот клуб“; Семинар за лиценцирање џудо тренери и џудо судии; Меѓународен семинар за џудо тренери и судии во Лисабон Португалија (измени на џудо правила за нов олимписки циклус); Национален семинар за едукација на џудо тренери и судии во врска со измени на џудо правила; Меѓународен семинар за џудо тренери и судии со Германски џудо експерт;

Се одржаа и 3 заеднички џудо тренинзи со други клубови. Во преодниот период клубот организираше летни физички подготовки а истовремено и дружења. Истите се одвиваа на отворените спортски терени во град Прилеп.

Џудо Клубот Сеишин во текот на 2022 организираше 2 полагања за ученички појаси со своја 3 члена стручна комисија и претставник од Дан комисијата при ЏФРСМ, согласно правилата и процедурите во Федерацијата.

Исто така во рамките на организираното полагање од страна на Дан Комисијата при ЏФРСМ учество зедоа 17 наши членови при што: шест се здобија со Мајсторски појаси 1 Дан, еден со 2 Дан, три со 5 дан, еден со 4 Дан, како и шест со кандидати мајсторски 1 КЈУ (кафеав појас).

На иницијатива и со помош на член на управата, клубот доби и нова клубска канцеларија, каде не само на раководството на клубот туку и на членовите им е овозможено да одржуваат средби поврзани со џудо спортот.

Неколку членови на клубот се носители на ДРЖАВНИ СТИПЕНДИИ (СПОРТСКА НАДЕЖ од Агенција за Млади и Спорт и Талентирани Ученици-СПОРТИСТИ од Министерство за Образование и Наука).

Сите членови на клубот кои се здобиле со награди од освоени места од Државните и Балканските Првенства се имаат здобиено со еднократна парична награда од општина Прилеп согласно правилникот за наградување на спортисти во општината.

Од хуманитарен аспект нашиот клуб зеде активно учество во хуманитарната акција на денот по повод предвремено родени деца ( на иницијатива на родител на наш член) каде нашиот клуб додели и ваучери за бесплатно вежбање.

Потоа дел од повозрасните членови зедоа активно учество во помошта за доизградба на манастирот Св.Никола во с.Загорани.

Џудо Клубот Сеишин во преодниот рок за време на новогодишните и Божиќните празници ќе направи кратка пауза и одмор за своите членови а потоа ќе се започне со интензивни тренинзи и подготовки за новата натпреварувачка 2023 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.