Лајонс клубот од Прилеп започна донаторска акција во соработка со повеќе ресторани од Прилеп.
Станува збор за хумана иницијатива со која граѓаните при купувањето во рестораните ќе можат да донираат, да подарат оброк за социјално загрозените семејства во општината.
Досега се вклучени 5 фирми кои што работат со приготвување на храна, пицерии, ресторани или кетеринг служби.
Како што велат од Лајонс клубот доволно е луѓето да изразат желба да помогнат, да платат оброк, а потоа доставата на храната е на домашна адреса на семејството.
“ЛК Прилеп започна со вториот имиџ проект на Гувернерката Весна Пацаноска, “КУПИ И ПОДАРИ ОБРОК-НАХРАНИ СЕМЕЈСТВО”.
За почеток, почнавме соработка со 5 ресторани во Прилеп, каде секој граѓанин може да плати оброк, кој се доставува на домашна адреса, на семејства од социјална категорија.
Самите сопственици на некои од рестораните, понудија попуст за оброците. Ги повикуваме сите хумани луѓе да се вклучат во акцијата.
Нека ни е успешна оваа прекрасна акција и да нахраниме што повеќе луѓе”, напишаа од Лајонс клубот на Фејсбук.