Пирло опиша се: Вака одбив понуда од 40 милиони долари, неколку ферарија и приватен авион

ANDREA-PIRLO-WALLPAPER-HD-6

Легендата на италијанскиот фудбал Андреа Пирло, во својата книга откри како додека играл за Јувентус одбил понуда од еден катарски клуб.

Пирло наведе како течел разговорот со неговиот менаџер Тулио.

“Андреа те бараат оние од Катар”

“Ти си луд. Ни во сон”

“И Гвардиола играше таму”

“Кога играше беше на залезот на кариерата”

“Во ред, но заради бонтон би требало да се состанеш со нив”

Пирло потоа објаснува како течел состанокот со претставниците од катарскиот клуб.

“Здраво договорот е спремен”

“Добар ден и на вас. Драго ми е што се запознавме”

“Нашиот дрес одлично ќе ти прилега”

“Јас сум Андреа Пирло, драго ми е …”

“Не мораш одма да се одлучиш, имаш неколку минути да размислиш”

Пирло потоа наведил дека катарските претставници му нуделе автомобили на поклон.

“Ќе ни биде драго ако би прифатил неколку Ферарија на поклон”

“Неколку?”

“А ако ти недостасува Италија, секогаш ќе имаш на располагање приватен авион да одиш до татковината”

“Но…”

“Договорот е спремен. Се работи за четиригодишен договор и 40 милиони долари. Знаеш, тоа се 40 милиони долари за 4 години. Тоа е 10 милиони по сезона. Не можеме да претеруваме, криза е.”

Пирло признава дека очите за миг му светнале, но вели дека одлучил да ги прекине преговорите.

 “Благодарам во секој случај, но не можам. Во случај да го променам мислењето ќе ви се јавам по неколку години”

Богатите шеици потоа се одлучиле да ја повишат понудата.

“11 милиони?”

“Tулио, си одиме.”

“12 милиони?”

“ Tулио !….”

“13…..? ”

Пирло потоа објаснува како својот збунет менаџер го фатил за рака и го изнесол од хотелот.

“За миг погледнав на часовникот и видов дека е 21:21, два пати часовникот го покажуваше мојот среќен број. 21 е роден мојот татко, на 21 се оженив, на 21 дебитирав во Серија А, 21 е мојот број. Како судбината да ми проговори: Добро одлучи”- oпишува Пирло.

Александар Георгиоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.