Пирамидата во Босна најголема во светот!? Масивните структури стари илјадници години се откриени во БиХ, каде е вклучена и пирамидата на сонцето.
Масивните структури стари илјадници години се откриени во БиХ, каде е вклучена и пирамидата на сонцето, пишува Дејли стар.
Археологот Семир Османагиќ, кој тврди дека ги открил пирамидите, вели дека Пирамидата на Сонцето е најголема во светот, дури поголема и од оние во Египет.Тој вели дека структурите ги открил случајно, по посетата на Високо.
Тој поминал илјадници часа проучувајќи го и ископувајќи го теренот, но и презентирајќи ги своите откритија пред Унивиерзитетите.
Според некои, неговите откритија се измама, но професорот е одлучен во намерата да покаже дека е во право.
Тој вели дека долината на пирамидите се состои од пирамидални структури на Сонцето, Месечината, Змејот, Мајката Земја и Љубовта.
На самиот врв пирамидата во радиус од 4, 5 метри ибило измерено електромагнетно зрачење од 28 килохерци што не е природна појава, ниту пак модерниот човек денес го користи во технологиите.
Голем број експерти тврадт дека пирамидите се направени како гробници за мртвите луѓе, фараоните и сл. Но, тие се направени за генерациите жви луѓе затоа што ја поседуваат енергијата што нам ни е потребна. Ултразвучното зрачење на врвот изнесува 28 килохерци што е клучно за левитацијата. Голем број спиритуални посетители тврдат дека се чувствуваат како да лебдат кога се наоѓаат на врвот. Исто така измерена е и фрекфенција од 7, 83 херци на дното што е позната како резонанцата на Шуман а која е идеална за живиот свет на планетата затоа што под нејзино влијание најдибро ги развиваме физичките, умствените и спиритуалните сетила и способности. Но оваа резонанца исчезнала поради технологијата што ја развива човештвото, тврди Османагиќ.
Исто така во тунелите под пирамидите бил откриен голем број негативни јони што ги поништуваат негативните бактерии и останатите супстанци во човековиот организам. Голем број туристи тврдат дека се чувствуваат многу подобро кога ќе излезат од нив.